Три земји ќе бидат отстранети од црната листа на даночни раеви

58

Министрите за финансии на ЕУ се очекува следната недела да ги отстранат Сејшелите, Доминикана и Ангвила од “црната листа“ на даночни раеви.

Даночните експерти од ЕУ препорачаа да се отстранат карипскиот остров, британската карипска територија и Сејшелите од “црната листа“, главно затоа што се обврзаа дека ќе спроведат дополнителен преглед на нивните даночни системи со Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации во однос на даночни прашања. меѓународно тело за ставње крај на избегнување данок, покажуваат документите.

Се очекува трите јурисдикции да бидат преместени на европската “сива листа“, која вклучува земји што покажале посветеност кон даночните реформи, се вели во документот, пренесе Ројтерс.

Оваа листа е воспоставена во 2017 година за борба против распространето даночно затајување и периодично се ажурира за да се отстранат или додадат јурисдикции во зависност од нивните даночни реформи.