Тридневна работилница за енергетска ефикасност

12

Од денес до недела во Маврово ќе се одржи работилница за енергетска ефикасност и промени на енергетскиот пазар, наменета за претставници на медиумите.

Главна тема на работилницата ќе биде сублимирање на досегашните ефекти од активностите, како и идните активности и регулативата со чие носење ќе се стимулира и зголеми рационалното користење на електричната енергија, односно енергетската ефикасност.

Ќе бидат доделени и признанија за медиумите за нивното учество во Платформата за енергетската ефикасност. На работилницата ќе присуствуваат претставници од Министерството за економија, секторот енергетика и ЕВН.

Предвидено е на присутните да им се обратат министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Вернер Хенгст.