Триглав автомобилска асистенција – нова услуга на Триглав Осигурување

28

Triglav-osiguranje

Триглав Осигурување воведе нова услуга на пазарот, автомобилска асистенција, којашто на клиентите им нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во Европа.

“Триглав Осигурување, како лидер на осигурителниот пазар, континуирано работи на развој на осигурителната индустрија, на подобрување на постоечките и развој на нови производи и услуги, коишто се во согласност со потребите на клиентите и коишто ги следат трендовите и случувањата на локалниот, но и на пазарите во регионот. Таков чекор е и воведувањето на новата услуга, автомобилска асистенција, којашто на клиентите на Триглав Осигурување им нуди заштита и поддршка кога таа им е најмногу потребна“, стои во соопштението на осигурителната компанија.

Автомобилската асистенција е услуга, достапна на клиентите на Триглав 24/7 и обезбедува помош во Македонија и во Европа. Опфаќа патнички возила, товарни возила со дозволена маса до 3,5 тони, специјални возила (за домување, камп приколки), како и мотоцикли.

Како дополнителна услуга, валидноста на асистенцијата е поврзана со времетраењето на полисата за автоодговорност или каско осигурување, но може да се склучи и поврзе со овие осигурувања во кое било време.

Триглав Осигурување нуди три пакети на автомобилска асистенција, Триглав автомобилска асистенција основен пакет, Триглав автомобилска асистенција Плус и Триглав автомобилска асистенција Комфорт. Во зависност од избраниот пакет, клиентите можат да добијат различни вклучени услуги и поддршка за возилото (помош на пат, помош во случај на изгубени клучеви, извлекување на возилото, достава на гориво, пренос на возилото, итн.) и за клиентот (превоз, заменско возило, хотелско сместување, заменски возач, придружба на малолетен клиент, помош во случај на смрт во странство, посета на роднини во странство, итн.).

Во промотивниот период Триглав обезбедува посебни поволности за основниот пакет и пакетот Плус за клиентите, корисници на каско осигурување. Клиентите можат да ја добијат автомобилската асистенција на бесплатниот број 0800 16 206, за повици од Македонија, или пак на бројот +389 2 51 16 206 за повици од Македонија и од странство.

“Задоволството и лојалноста на нашите клиенти се најголемиот приоритет во Триглав и веруваме дека тие се најзначајната потврда за квалитетот што го обезбедуваме, поради што, неуморно работиме на подобрување на перформансите на компанијата. Услугите, како автомобилската асистенција се израз на нашата посветеност, на нашите клиенти да им обезбедиме беспрекорна услуга, да излеземе во пресрет на сите нивни потреби, да направиме сѐ тие во Триглав да се чувствуваат сигурно и заштитено и кај нас да ги обезбедат сите услуги коишто им се потребни, со еден збор, да бидеме нивни партнери”, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

“Триглав Осигурување повторно ја потврди својата иновативност и посветеноста кон развојот на осигурителниот пазар, како единствена осигурителна компанија којашто ќе понуди на пазарот услуга како Автомобилската асистенција – услуга којашто на нашите клиенти ќе им пружи поддршка кога таа им е најмногу потребна, а тоа е нашата суштина, да создаваме и обезбедиме вредност, којашто на нашите клиенти навистина им значи”, истакна извршниот директор, Сања Танчевска.