Триглав нуди 120 милиони евра за Кроација осигурување

40

triglavЗа преземање на Кроација осигурување, словенечката осигурителна групација Триглав е подготвена да издвои околу 120 милиони евра, пишува Финанце. Капиталот делумно ќе го обезбеди од свои извори, а дел од финансиски фондови, како ИФЦ и ЕБОР.

Кон крајот на август, Финанце пишуваше дека Надзорниот одбор ја поддржал намерата на Управата на Андреј Слапар за поднесување понуда за мнозински удел во хрватската Кроација Осигурување и дека за таа цел се подготвени да платат 250 милиони евра.

Рокот за поднесување на понудите хрватската влада го продолжи до крајот на оваа недела.

За Кроација осигурување, освен Триглав, заинтересирани се и Адрис група, ВИГ, Ерго и АИГ, како и полската ПЗУ. Се шпекулира дека во блиска иднина и Триглав и Кроација осигурување би можеле да влезат под капата на некој посилен играч, кој би влегол на регионалниот пазар. Не се исклучува можноста тоа да биде токму полската ПЗУ, најголемата осигурителна куќа во средна и источна Европа, од каде неодамна изјавија дека имаат на располагање две милијарди евра капитал за ширење во регионов.