Триглав Осигурување АД, Скопје лидер на пазарот на неживотно осигурување

126

triglavСпоред резултатите објавени од Националното биро за осигурување на Р. Македонија за првата половина од 2013, Триглав Осигурување АД Скопје повторно е на првата позиција на пазарот, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари и пазарен удел од 16,16%, што е за 26,5% повеќе од второрангираниот конкурент.

Податоците покажуваат дека пазарот на осигурување во Македонија е во постојан пораст, за што говори и фактот што во првата половина од 2013 се забележува пораст во доменот на неживотни осигурувања од 4,7% во споредба со истиот период минатата година.

Во дадениот период Триглав забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64% споредено со истиот период во 2012 година. Овој факт само дополнително ја потврдува оправданоста на стратешките заложби на Триглав Осигурување за своите клиенти да обезбедува производи и услуги со врвен квалитет, како и посветеноста на вработените на компанијата и на клиентите.

“Фактот што 20,64% од вкупната исплата на штети во Р. Македонија, што е патем двојно повеќе од конкуренцијата, припаѓа токму на Триглав Осигурување, само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста која ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата. А, тоа се најважните фактори кои треба да се земат предвид кога одлучувате која осигурителна компанија треба да ја изберете”, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Ѓорѓе Војновиќ.