Триглав Осигурување Скопје со нов неизвршен член на Одборот на директори

17

triglav

На 42-та седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје, одржана на 29.09.2015г., Ѓорѓе Војновиќ беше избран за неизвршен член на Одборот на директори на компанијата.

Тимот на Триглав Осигурување АД, Скопје доби ново засилување, откако на последната седница на Собранието на акционери за неизвршен член на Одборот на директори беше избран Ѓорѓе Војновиќ.

Војновиќ, кој повторно ќе биде дел од Триглав Осигурување, со своето богато искуство како менаџер ќе биде голема поддршка на тимот на Триглав Осигурување и на Извршниот директор на компанијата, Сања Танчевска.

“Ни причинува задоволство да му посакаме добредојде на Војновиќ во Триглав Осигурување. Војновиќ е извонреден  менаџер и соработник и убедени сме дека со својата професионалност ќе придонесе кон зацврстување на лидерската позиција на Триглав Осигурување на пазарот на неживотни осигурувања и ќе ја поддржи компанијата во нејзините амбициозни стремежи постојано да го подобрува својот перформанс и да постигнува нови успеси и одлични деловни резултати”, изјави извршниот директор, Танчевска.