Триглав Осигурување со нов пакет производи

57

zav_Triglav-630x394Осигурителната компанија Триглав Осигурување воведува нов пакет на осигурителни производи на пазарот под името Триглав комплет.

Во новата понуда е вклучен пакет со три видови на осигурување, Осигурување на домаќинства, Семејно осигурување од незгода и Каско осигурување, за кои важат посебни поволности, како и заштеда и до 50%.

Пакетот е дизајниран да одговара на потребите на секое семејство, па истиот може да се дополни со повеќе возила, станови, куќи, викендици итн. Во него можат да се вклучат и членови на поширокото семејство со свои осигурувања, како и тековни осигурувања.

“Пакетот Триглав комплет овозможува Триглав Осигурување да понуди на пазарот високо конкурентен производ, во согласност со потребите на клиентите и во рамките на нивните можности”, изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.