Триглав Осигурување со нова услуга – онлајн обнова на полиси за автомобилска одговорност

125

triglav-osiguranje

Триглав Осигурување воведуванова услуга на пазарот, онлајн обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност. Клиентите обновата можат да ја направат на веб страната на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

Оваа услуга им овозможува на клиентите на едноставен и брз начин да направат електронска обнова на полисите за осигурување од автомобилска одговорност. Обновата клиентите можат да јанаправат без разлика дали нивната претходна полиса заавтомобилска одговорност била склучена во Триглав и тоа најрано 30 дена пред истекот на претходната полиса.

Преку веб страната www.triglav.mk, можност да направат електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност имаат физички и правни лица, кои имаат валидна платежна картичка на Visa, или MasterCard, пристап до валидна електронска адреса и можност за печатење на полисата.

Обновената полиса за автомобилска одговорност и условите за осигурување од автомобилска одговорност клиентот ги добива на својата електронската адреса.

Триглав Осигурување овозможува и електронска обнова на осигурувањето од ризикот кршење на стакла и тоа во случај кога овој ризик бил вклучен во постоечката полиса, издадена од Триглав Осигурување.

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот на осигурувањето.

“Развојот на осигурителната индустрија подразбира приближувањето на осигурувањето и неговите бенефити до јавноста. Тоа секако вклучува и олеснување на процесот на осигурување, затоа, убедени сме дека онлајн услугите се вистинскиот правец за исполнување на тие цели. Еден од главните фокуси во нашата развојна стратегија се клиентите и нивните потреби. Ги подобруваме постоечките производи и инвестираме во нови, иновативни производи и услуги, кои што на клиентите ќе им обезбедат дополнителна вредност, сѐ со цел да го понудиме најдоброто и од другата страна да се сретнеме со задоволни клиенти. Дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација секако е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочуваме. Таа денес е предуслов за животниот стил и навиките, потребите и преференците на луѓето. Денес почнуваме да нудиме електронска обнова на полиси за осигурување од автоодговорност, а наскоро секако ќе понудиме и многу други дигитални решенија за нашите клиенти“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.