Словенечкото осигурително друштво Триглав ги почна првите разговори за купување на удел во Сараево осигурување, пишува Дело повикувајќи се на неофицијални извори, пренесува Seebiz.
Триглав осигурување веќе е сопственички вмешан во Сараево осигурување преку своите фондови Триглав Наложбе и Триглав Склади, кои се поврзани со инвестицискиот фонд Проф Плус Сараево, кој пак во Сараево осигурување има 5% удел.
Државната сопственост во Сараево осигурување е 45,49% капитал, а неговата продажба е предвидена со планот на Агенцијата за приватизација на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Генералниот директор на Триглав, Матјаж Раковец, претходно изјави дека оваа осигурителна компанија е заинтересирана за купување на хрватското Кроација осигурување и српското ДДОР. Меѓутоа, од ДДОР порачаа дека не се на продажба.