Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), стои во соопштението.
Намерата за ширење на Групацијата Триглав на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки.