Трик како да ги натерате луѓето кои “немаат време” да го прочитаат вашиот имејл

29

email

Фото: Pixabay

Сакате повеќе луѓе да ги отвораат мејловите што ги праќате? Тогаш треба да напишете добар наслов на пораката (subject line).

“Нема сомнение дека насловот на имејлот е првиот впечаток и од него зависи дали некој ќе ја отвори пораката или не”, пишува Маду Гулати, претседател на маркетинг агенцијата ShowMeLeads во пост на LinkedIn. Како што вели Гулати, голема улога во тоа дали некој ќе ја отвори пораката игра и должината на насловот, пренесува Бизнис инсајдер.

Истражувањето спроведено во оваа област покажува дека насловите од шест до 10 зборови имаат највисока стапка на отворање, 21%. Насловите со пет и помалку зборови имаат стапка од 16%. Стапката на отворање опаѓа кај насловите што содржат од 11 до 15 зборови, на 14%, а во оваа категорија спаѓаат повеќе од половина испратени мејлови, вели Гулати.

На ова особено треба да внимаваат луѓето што работат маркетинг, затоа што веројатноста дека мејлот ќе биде прочитан води кон повеќе клиенти. Од друга страна, концизните наслови се подобри за корисниците на мобилни телефони и други уреди.