Трикови што ги користат најдобрите продавачи

142

prodava

Фото: Pexels

Некои продавачи не се снаоѓаат добро во својата работа, додека други се премногу напорни и комплицирани. Но, има и такви продавачи кои својата работа ја извршуваат беспрекорно. Не бидете напорен продавач. Обидете се со овие неколку суптилни трикови да ги убедите вашите купувачи да купат.

Секогаш бидете чекор пред клиентот

Најдобрите продавачи ги разбираат потребите на своите клиенти. Нивната цел е да ги решат сите можни проблеми на клиентите, пред да станат свесни за нив и да обезбедат алтернативни можности.

Дефинирајте ги приоритети

Продажбата е игра на броеви и време. Целта е да се сортираат производите и услугите што е можно побрзо за најдобро да им служат на клиентите.

Купувачите сами да продаваат

Напорниот продавач го убедува купувачот да купи нешто. Најдобрите продавачи знаат дека токму купувачот самиот ќе се убеди дека треба да потроши пари на одредена работа. Нивната работа е само да ги постават вистинските прашања и да ги убедат клиентите дека го сакаат тој производ или услуга.

Користете го речникот на клиентите

Најдобриот продавач ги идентификува придавките што ги користат корисниците за да ги опишат нештата и ги користат истите зборови за да ги активираат посакуваните емоции во нив, а на тој начин ги поттикнува да купуваат.

Спуштете ја столицата

Најдобриот продавач ги започнува состаноците со клиентите така што ја спушта столицата пониско. Така испраќа сигнали дека клиентот е во доминантна позиција. Како што тече состанокот продавачот полека го крева својот стол за да се стави во доминантна позиција. Со постепеното кревање на столот, купувачот несвесно добива повеќе слух за предлозите од продавачот.