Трикови што ќе ви помогнат побрзо да учите

63

knigi

Фото: Pixabay

Во животот учиме постојано, некогаш намерно, некогаш случајно. Знаењето ни помага во многу ситуации, но додека да ја научиме посакуваната лекција треба да поминеме низ процес на помнење.

Во продолжение неколку трикови што ќе ви помогнат подобро и побрзо совладување на секој материјал.

Вештините побрзо се учат ако совладувате дел по дел

Без разлика за што станува збор, секој научен сегмент потоа се врзува со следниот и ја добивате целокупната лекција совладана на лесен и паметен начин.

Мултитаскингот не е функционален

Ако сакате да запомните нови информации, применување на мултитаскинг не е решение. Ако го практикувате, ќе запомните само половина од она што требало да го научите во целост.

Фаќање забелешки

Експертите советуваат да се запишуваат работи, но исклучиво на лист хартија. Според истражувањата, физичкиот допир на лист и пенкало создава посилна врска на напишаното со мозокот отколку ако работите со компјутер/лаптоп.

Грешките треба да се прослават и проучат

Не треба да се срамите ако не сте успеале од прва. Грешките се бесценето искуство и треба само да се анализираат и да се извлече лекција од нив.

Вежбање и вежбање

Ако не го вежбате тоа што го учите, самото учење нема да има ефект. Континуирана пракса води до целосно учење, односно усовршување.

Брзо читање за брзо помнење

Колку побрзо читате, толку побрзо ќе запомните. Мозокот подобро ќе запомни ако набрзина се прочитаат цели низи од зборови, отколку ако тоа го правите бавно.

Потсетувањето не е лоша работа

Не е непростиво ако побарате нешто на интернет. Нешто што знаете дека го знаете, но едноставно во моментот не ви текнува на точниот назив, решение, опис и слично.

Подучувајте ги другите

Кога нешто што сте научиле го пренесувате на другите, не само што подучувате, туку и самите си го повторувате материјалот со свои зборови и уште подобро го разбирате и го дефинирате на начин што вам ви одговара.