Веројатно секој од нас барем еднаш во животот патувал со авион и знае што подразбира тоа, од купување авионски билет до самиот лет.
Цените на билетите е она што на многумина им создава главоболки, бидејќи билетите се најскапи да се купат пред самото патување. Токму поради тоа е потребно да се обрне повеќе внимание, во вистинскиот момент да се најде најсоодветниот авионски билет.
Купувајте на време
Она што е најлошо, особено кога го планирате патувањето, е да го купите авионскиот билет во последен момент. Тогаш билетите се најскапи и дополнително го отежнуваат планираното патување. Доколку го знаете терминот на патување, веднаш почнете да ги анализирате цените на билетите од авиопревозниците што ви стојат на располагање.
Патувајте од средината до крајот на неделата
Можеби никогаш не сте размислувале за тоа, но со патување во тој период од неделата може да заштедите повеќе од очекуваното. Авиокомпаниите ги таргетираат викендите, бидејќи тогаш има најголема фреквенција на луѓе. Затоа доколку имате можност, тогаш изберете да патувате кога нема голем метеж, а од друга страна ќе добиете и поевтин билет.
Резервирајте и купувајте во вторник навечер
Исксутвото покажа дека вторник е среќен ден за купување евтини авиобилети. Причина за тоа е што скоро 90% од авиокомпаниите во светот во вторник прават нови распореди и сакаат да распродадат повеќе седишта.
Земете ги во предвид дополнителните трошоци
Голем е бројот на луѓе кои ги занемаруваат важните работи на аеродромите што понекогаш значи половина од цената на билетот. Внимателно разгледајте ги останатите трошоци, како што се таксите и останатите услуги, бидејќи аеродромот е место што ќе извлече дополнителни пари од вашиот џеб.