Трикови за мудро пазарење, по празниците и во ек на раст на цените

98

Во екот на инфлацијата што го зафати целиот свет, и по прославите кога се трошеше повеќе (особено во продавниците за храна), сега треба повторно да најдеме рамнотежа и да „издржиме“ со растечките потрошувачки цени.

Рок на употреба

Внимавајте на производите со поминат рок, најмногу јогуртот, слатките, пакуваните сувомеснати производи, бидејќи честопати се намалуваат за 30 до 50 отсто, а најчесто имате неколку дена да ги „консумирате“.

Акции

Тие се тука за да ги користите, и не значат дека производот е лош.

Избирајте мудро

Колку и да ви изгледале како „ситни пари“ некои грицки, слатки, пијалоци и други работи, ако ја наполните корпата со нив, на касата ќе сфатите дека сте дале многу пари за „непотребна храна“. Направете список пред секое купување: запишете кои основни намирници ви се потребни, вклучително овошје и зеленчук, па дури потоа доаѓаат слатките, чипсот, итн.

Запрашајте се: “Дали ми треба ова?”

Овде доаѓаме до моментот кога акциите не се „решение“ за секого. Затоа, доколку никогаш не консумирате или користите некои производи, не ги купувајте со попуст.

Продавниците имаат и тактики кои често го менуваат распоредот на производи во објектите, па секогаш мора да поминете низ целата продавница за да го добиете она што ви треба. На тој „пат“ на многумина им се случува од полиците да го подигнат она што навистина не им треба.