Почетна Бизнис едукација Како да... Трикови за решавање на приоритетите

Трикови за решавање на приоритетите

264

Во последно време многу се полемизира за важноста на to – do листата. Критичарите наметнуваат престанок на користење на еден од најосновните и најпознати алатки за зголемување на продуктивноста, сугерирајќи дека “ултра продуктивните“ луѓе едноставно ги користат своите календари и поважно е да се направи попис на она што нема да го направите, отколку она што морате да го направите.

Луѓето кои се многу зафатени не сакаат од почеток да работат на обврски кои не им пружаат задоволство, а  to – do листата честопати не го исполнува она што го сакаат, односно оваа листа не обезбедува доволно задоволство кое би ги исполнило нивните очекувања. Луѓето очекуваат дека со помош на таа листа ќе се осигураат дека ќе ги извршат своите приоритети, но тоа не е секогаш така.

Тo -dо листите се добри за две работи:

  • ги опфаќа сите обврски кои ги имате на едно место
  • сортирање и организирање на задачите на начин што ќе го олесни завршувањето на секоја следна задача.

Таму каде што to -do листата не се покажува како добра и корисна, календарите може да бидат покорисни. Затоа, наместо да одберете само еден начин на зголемување на продуктивноста, користете ги заедно. Во тандем, тие можат да го сторат она што не можaт одделно: можат да гарантираат дека ќе ги исполните сите обврски во вистинско време.

Еве како може да ги користите заедно:

  • Внесете ги сите задачи во вашата листа и доделете им одредено ниво на приоритет
  • Составете ја вашата листа за обврски во зависност од нивото на приоритет
  • Пред да го започнете работниот ден, прегледајте го списокот на обврски и распоредете предмети со висок и среден приоритет
  • Одредете три најважни приоритети за тој ден
  • Бидете подготвени на измени во листата ако има потреба

Овие чекори функционираат само ако имате реален распоред. Бидете реални во одредувањето на своите реални задачи. Дефинирајте го времето за пауза, проверување на електронска пошта, ручек. Ако своето време добро го распоредите и врз основа на тоа креирате календар, може да очекувате ефикасно извршување на работните задачи.

Фото: Pexels