Trim – it: Берберски салон на тркала

43

Фото: Pixabay

Trim – it претставува мобилен берберски салон на тркала, а шишање може да се закаже преку мобилна апликација, пишува BBC.

“Мојата услуга е како Deliveroo или Uber Eats, но наместо храна, ние доставуваме шишање“, вели 24-годишниот Дарен Тенкоранг, соосновач на Trim – it.

Внатрешноста на комбето е претворена во мини – берберница во која што ги има сите неопходни елементи за да може корисникот да ја добие посакувана фризура. Наместо да чека ред, корисникот може да си порача шишање пред неговата врата.

Засега Trim – it има две комбиња се движат во јужниот и во северозападниот дел на Лондон.