Тримесечна добивка од 1,17 милијарди евра на Зара

37

Шпанскиот производител на облека Inditex, сопственик на модниот ланец Zara, ги претстави резултатите за растот на добивката во третото фискално тримесечје, благодарение на контролираните трошоци и управување со залихи.

За период од три месеци нето добивката на шпанската компанија пораснала за 14%, на 1,17 милијарди евра, а приходите им изнесуваат седум милијарди евра, наведува Ројтерс.

Управата нагласува строга контрола врз оперативните трошоци при проширувањето и подобрување на продавниците како што е Zara во трговски центар во Обединетите Арапски Емирати.

Од компанијата објаснуваат дека изминатиот период ја зголемиле продажбата и смалиле залихите благодарение на бизнис моделот којшто се темели на строга контрола на производите по целиот ланец на снабдување.

Фото: Pexels