Трите мобилни оператори доставија понуди за 4Г

23

makedonija-prva-vo-regionot-voveduva-4g-tehnologija-96010Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) соопшти дека сите три мобилни оператори Вип, Оне и Т-мобиле доставија понуди за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги.

Почетната вредност за секое од одобренијата е 10 милиони евра.

Од АЕК информираат дека јавното наддавање за доделување на три одобренија за користење на радиофреквенции, кои може да се користат за обезбедување на мобилни електронски комуникациски услуги од четвртата генерација, ќе се изврши на 10-ти јули во 12 часот.

“Услугите од четвртата генерација ќе им овозможат користење на мобилен широкопојасен интернет на корисниците во Македонија со висок квалитет, брзина и доверливост, по достапни цени, на пазар со развиена конкуренција”, посочуваат од АЕК.