Трите разлики помеѓу “воркохолик” и продуктивец

26

kafe

Фото: Pixabay

Иако се чини дека и двата типа на луѓе работат напорно, продуктивците имаат одржлива работна етика, додека воркохолиците се на пат да “прегорат”. Продуктивецот работи напорно на здрав начин и се чувствува среќен и инспириран, додека воркохоликот работи на начин што му го загрозува здравјето, се чувствува несреќен и исцрпен.

Еве ги трите клучни разлики помеѓу овие два типа на луѓе:

Продуктивците ја знаат нивната вредност – воркохолиците допуштаат други да одредат колку вредат

Продуктивецот знае колку вреди и затоа знае колку може и треба да работи. Тие прават повремени евалуации на сопствениот перформанс за да можат да работат на негово подобрување. Сами си даваат фидбек наместо да чекаат некој друг да им обезбеди. Од друга страна пак, воркохолиците се потпираат на надворешно оценување и чекаат фидбек од шефови, колеги, клиенти… Им треба некој друг да им каже дали и колку добро ги извршуваат своите задачи, што пак придонесува да работат со постојан страв.

Продуктивците даваат 100% во вистинско време – воркохолиците даваат 110% постојано

Продуктивците знаат кога треба да ги засукаат ракавите и да дадат сè од себе. Затоа и ја чуваат енергијата за клучните моменти кога ќе треба да го дадат максимумот. Не веруваат во ставот на воркохолиците дека треба да се дава 110% било кога и било каде и немаат проблем како воркохолиците, да ги издвојат важните задачи од неважните.

Продуктивците прават бизнис – воркохолиците се презафатени

Примарна цел на продуктивците е да направат бизнис и она што навистина ги интересира се резултатите. Не умеат да создадат вредност во моментот, но затоа прават стратегија или си ги олеснуваат работите според можностите. Знаат дека бизнисот доаѓа “во бранови”, затоа се подготвуваат кога водата е мирна и се впуштаат во предизвикот кога ќе дојде бранот, односно шансата.

За разлика од нив, број еден приоритет на воркохолиците е да бидат ангажирани постојано од причина што веруваат во тоа дека колку се позафатени (или изгледаат дека се), толку поважна и поголема работа ќе завршат. Тие секој момент го исполнуваат со работа и едноставно се чувствуваат несигурни кога не прават ништо, а тоа доаѓа од фактот што не ја знаат сопствената вредност.