Триумфот на Aзурите може да ѝ донесе четири милијарди евра на италијанската економија

33

Победата на Италија против Англија во финалето на Европското првенство Евро 2020 ќе му донесе на италијанскиот бруто домашен производ вредност од четири милијарди евра.

Само со пласман во финалето, двете земји финалисти (Англија и Италија) почувствуваа значително зголемување на економската активност како резултат на зголемената потрошувачка во рестораните и супермаркетите.

Brand Finance, независна консултантска компанија за проценка на вредноста на трговски брендови, верува дека победата на Италија ќе резултира со зголемување на потрошувачката доверба и потрошувачка, особено на храната и пијалаците, алкохолот и тутунот, производите и услугите на домаќинствата, транспортот, рекреацијата, културата и угостителството.

Масимо Пицо, генерален директор на компанијата, рече дека победата на Италија е значаен момент за нацијата, особено по тешкотиите со кои се соочуваше изминатите година дена поради пандемијата.

Овој момент несомнено доведе до зголемување на расположението на потрошувачите“, рече тој.

Добриот резултат ќе доведе до зголемување на вредноста на спонзорските договори. На пример, француската машка фудбалска репрезентација учествуваше на Светското првенство во 2018 година со 71 милиони евра годишно спонзорство, но по освојувањето на трофејот, таа сума се зголеми на 91 милиони евра годишно пред Евро 2020. 

Победата на Италија на Европското првенство може да донесе дополнителни 13 милиони евра приходи од спонзорства на тимот на Азурите.

За повеќето национални фудбалски тимови, најголемиот поединечен спонзор е избран производител на спортска опрема. Италијанската репрезентација потпиша осумгодишен договор со компанијата Puma во 2015 година. Тој договор носи 22 милиони евра на италијанската федерација годишно, но сигурно е дека по финалето, Puma ќе оствари значителна добивка.

Фото: Facebook