Тројца француски милијардери загубија 70 милијарди долари во 2024 година

За првите милијардери во Франција, 2024 година беше година за заборав, бидејќи нивното вкупно богатство падна за рекордна сума поради слабата побарувачка за луксуз и политичката нестабилност.

Бернар Арно (LVMH), Франсоаз Бетенкур Мејерс ( L’Oreal) и Франсоа Пино (Kering), меѓу најбогатите луѓе во светот, годинава избришале околу 70 милијарди долари од нивното заедничко богатство, наведува Блумберг.

Индустриските гиганти LVMH, L’Oreal SA и Kering SA се меѓу најголемите губитници на француската берза.

Кинеските купувачи го забавија трошењето на сè, од кожни производи до дизајнерски фустани и нега на кожа.

Немирната француска политика – вклучувајќи го и падот на владата на Мишел Барние овој месец – исто така придонесе за колапсот на милијардерите, бидејќи го намали апетитот на инвеститорите.