Тројца Македонци на бродот што е во карантин кај Јапонија

130

Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот којшто е задржан близу Јокохама, Јапонија, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Причина за задржување на бродот, како што се наведува, е присуството на заразени лица од корона вирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.

Министерството за надворешни работи, како што се наведува во соопштението продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на корона вирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Македонските граѓани кои се наоѓаат во Јапонија, за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, tokyo@mfa.gov.mk.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за бродот Diamod Princess, којшто веќе три дена е ставен под карантин поради сомнение за корона вирус. На овој крузер има 3.700 патници кои мора да останат во карантин 14 дена.

Според нив, на бродот има 14 државјани на Србија (12 членови на екипажот и двајца патници) како и еден државјанин на Црна Гора.

Фото: Pixabay