
Вкупната вредност на извезените македонски производи во Хрватска изнесува 127 илјади евра на годишно ниво, и е дури 10 пати помал од хрватскиот чија вредност достигнува 197 милиони евра. Претседателката на жупаниската стопанска комора во Дубровник, Николина Тројиќ во интервју за „Локално“ категорично тврди дека има простор за многу поголема соработка.
„Народите од нашите две држави ги препознаваат брендовите од времето кога живеевме во заедничка држава, а од друга страна Македонија сè уште има квалитетно производство на храна и на пијалоци. Сепак, сите чекори кои што се превземаат остануваат на индивидуално ниво, односно не се превземаат на меѓудржавно ниво. На Хрватска, особено после земјотресот и недостасува градежна оператива и секако дека многу би помогнал влез на македонски градежни компании“, вели Тројиќ.











