Трошна куќа без купатило продадена за повеќе од два милиони долари

72

Трошна куќа со три спални соби, но без тоалет или купатило, внатрешни ѕидови и со несредена градина во Нов Зеланд е продадена за повеќе од два милиони долари.

Станува збор за бунгалов од 20-тите години на минатиот век што се наоѓа во предградиe на Оукленд.

Почетната цена на недвижнината била 1,75 милиони долари и куќата бара инвестиции од најмалку 200.000 долари, пренесува Гардијан.

Просечната цена на куќите во Нов Зеланд се зголеми за 22% во однос на минатата година, а недвижнините во Оукленд се продаваат за околу 1,5 милиони долари.

Фото: Pixabay