Трошоците на живот во февруари зголемени за 5.0 % во споредба со истиот месец лани

Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.2 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, изнесува 0.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, е резултат на зголемувањето  на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и
наркотици за 0.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.5 %, Здравје за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %. Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: Транспорт за 3.0 %, Облека и обувки за 0.3 %, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за
0.2 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година изнесува 99.4.