Трошоците во градежништвото за индивидуални објекти намалени во трето тримесечје

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје се намалени за 0.3 %. објави Државниот завод за статистика.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје се намалени за 0.3 %, трошоците за материјали за 0.8 %, додека трошоците за вработените се зголемени за 0.9 %.

Во третото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 0.6 %, трошоците за материјали се намалени за 0.3 %, а трошоците за вработените се зголемени за 2.8 %.

Во третото тримесечје од 2025 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се: 

  • намалени за 0.3 % во однос на претходното тримесечје
  • зголемени за 0.6 % во однос на истото тримесечје од претходната година