Трошоците за Биг Бен растат, оштетувањата на кулата сè поголеми

31

Трошоците за обнова на легендарната лондонска кула Биг Бен се зголемија за милиони фунти, откако оштетувањата се покажаа полоши отколку што првично се мислеше.

Цената за обнова на Кулата на Елизабета, како што е официјалниот назив, којашто започна во 2017 година, се зголеми за 20 милиони фунти, односно вкупно 80 милиони фунти.

Големата штета е откриена дури откако започнала темелната инспекција за реставрацијата, прва во 177-годишното постоење на зградата.

“Увид во вистинска состојба на работите и размерите на оштетувањата не можевме да имаме сè додека не се подигнаа скелињата и педантниот преглед одблизу од страна на експертите. Реновирањето на Кулата на Елизабета е покомплексно отколку што очекувавме, но до крајот на 2021 таа би требало повторно да блесне во сиот свој сјај“, рече Иан Ајилеш, портпарол на службата на британскиот парламент која ги надгледува работите на објектот.

Зафатите се однесуваат на санација на механизмот на часовникот и враќање на неговата оригинална боја, санирање на бројните пукнатини во ѕидот на кулата и чистење на ‘рѓата на покривот. Постоечкото осветлување на кулата ќе се замени со енергетски ефикасни сијалици.

Кулата изградена во неоготски стил завршена е во 1856, е сега е закосена дури 46 сантиметри.

Фото: Pixabay