Трошоците за труд во ЕУ пораснаа за 3,2%, Бугарија и Хрватска со најголем скок

Трошоците за труд по час се зголемија за 3,1 процент во Еврозоната и за 3,2 проценти во Европската Унија во вториот квартал од 2026 година, во споредба со истиот квартал од претходната година. Овие податоци ги објави Евростат, статистичката служба на Европската Унија.

Двете главни компоненти на трошоците за труд се платите и другите трошоци за труд (трошоци кои не се поврзани со плати).

Во Еврозоната, во вториот квартал од 2026 година во споредба со истиот квартал од претходната година: трошоците за часовна плата се зголемија за три проценти, додека другите трошоци за труд се зголемија за 3,2 проценти.

Во ЕУ, во вториот квартал од оваа година во споредба со истиот квартал од претходната година: трошоците за часовна плата и другите трошоци за труд се зголемија за 3,2 проценти.

Во вториот квартал од 2026 година, во споредба со истиот квартал од претходната година, најголем раст на часовните трошоци за труд за целата економија е забележан во Бугарија (+9,9 проценти), Литванија (+9,6) и Хрватска (+8,9 проценти). Најмал раст е забележан во Луксембург и Романија (+1,8 проценти секоја), по што следат Франција и Италија (+2,1 проценти секоја).