Трошоците за воведување на дигиталното евро до 2029 година – 1,3 милијарди евра!

Трошоците за воведување на дигиталното евро до 2029 година ќе изнесуваат околу 1,3 милијарди евра, а годишното одржување ќе биде околу 320 милиони евра, објави централната банка.

Пилот-проектот би можел да започне во 2027 година, доколку законската рамка стапи во сила во 2026 година, објавува германскиот „Шпигел“.

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го лансира дигиталното евро во 2029 година, а подготвителната фаза за правната рамка треба да биде завршена овој месец.

Претставниците на ЕЦБ ќе одлучат за продолжување на подготвителната работа на состанок оваа недела во Фиренца, Италија, објави Блумберг.

Како што е наведено, оваа програма ќе им овозможи на граѓаните на ЕУ да вршат брзи плаќања преку дигитален паричник, како алтернатива на приватните даватели на услуги како PayPal, Mastercard и Visa.

Фото: Pixabay