Трошоците за живот во јануари зголемени за 17,3 отсто во однос на истиот месец лани

34
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 99.6.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 1.9 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, свежото и разладеното овошје за 1.2 %, жестоките пијалаци за 1.1 %, месото за 0.6 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на другоместо за 0.5 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.
Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето смет за 4.6 %, весници, книги и канцелариски материјал за 4.3 %, електричната енергија за 3.7 %, другите услуги, неспоменати на друго место за 3.2 %, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 2.3 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, игрите, играчките и хобијата за 2.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за спорт, кампирање и рекреација
на отворено за 1.9 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.7 %, производите за домаќинството – нетрајни за 1.6 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 1.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината, теписите и другите подни покривки, фризерските салони и центрите за разубавување, електричните апарати за лична хигиена за 1.3 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.2 %, рестораните, кафулињата
и слично за 1.1 %, моторните возила за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, услугите за култура за 0.9 %, другата облека и додатоците за облека, резервните делови и приборот за сопствените превозни
средства, туристичките аранжмани за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, другите лични предмети за 0.5 %, поправките и изнајмувањето на обувките, големите алатки и опремата за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, течните горива за домаќинствата, велосипедите за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, гасот за домаќинствата, цврстите горива за домаќинствата за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.3 %, маслото и
маснотиите за 3.2 % и виното за 0.5 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 23.4 %, снабдувањето со вода за 4.4 %, медиумите за снимање за 3.0 %, обувките за 2.6 %, услугите за сместување за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, облеката за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13.3 %.