Трошоците на живот во март повисоки за 4.0 % во однос на истиот месец лани

20

Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 0.9 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2024 година во однос на февруари 2024 година изнесува 101.0.