Царини за автомобили од ЕУ, ако не се постигне договор

68

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сериозно размислува да воведе царини на увоз на европски автомобили, ако САД и ЕУ не успеат да постигнат договор за трговија.

По состанокот со пакистанскиот лидер на економскиот самит во Давос рече дека сепак очекува да постигне договор со Европа.

Трамп во Давос се сретна и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и рече дека разговорот со неа бил добар, но не откри дали разговарале за воведување на данок на автомобили од Европа.

“Европа знае дека треба да направи нешто и ако биде фер нема да имаме проблеми“, изјави Трамп.

Тoj во интервју за Wall Street Journal повтори дека е сериозен во врска со воведување данок, доколку не се постигне договор.

Фото: Pexels