ЦДХВ со нов портал за следење на електронски извештаи

22

Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, (ЦДХВ) го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.

Порталот е изработен по мерка на потребите на корисниците и е многу лесен за користење. Покрај тоа, порталот нуди можност со кој се добиваат бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.

Оние кои имаат акции регистрационите податоци за првичен пристап можат да ги добијат преку банките или брокерските куќи кои се членки на Централниот депозитар за хартии од вредност и кои склучиле посебен договор со Депозитарот за таа намена, а издавачите преку потпишување на договор со Централниот Депозитар за хартии од вредност за користење на дистрибутивниот систем на податоци, при што овластено лице од акционерското друштво добива пристап до порталот. При изработката на порталот применети се највисоки стандарди на сигурност на информатичката технологија и заштита на личните податоци.

ЦДХВ со оваа алатка придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од off-line во on-line е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.

Дигиализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската Банка за Обнова и Развој.