ЦЕЕД Македонија веќе девет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни, а ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за личен и деловен развој.
Дојдете на 25 октомври 2016 (вторник), во х. Александар Палас, слушнете успешни бизнис приказни, инспирирајте се, проширете ги своите видици и визијата за сопствениот бизнис, зачекорете на патот кон успехот заедно со ЦЕЕД Македонија!
За присуство на настанот, регистрирајте се тука.
Целта на ЦЕЕД е да креира заедница на претприемачи и да ги поддржи менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите. Нашите главни услуги вклучуваат настани за градење на капацитетите кои се фокусирани на практични знаења надополнети со размена на искуства и менторство од успешни локални бизнис лидери, пристап до финансии и силна регионална и меѓународна мрежа. Во текот на девет години од постоењето, ЦЕЕД Македонија успеа да се позиционира на македонскиот пазар како единствен и иновативен давател на услуги за бизнис поддршка кој дизајнира и имплементира менаџерски, лидерски и програми за развој на личните вештини и нуди консултантски услуги.
Повеќе на www.ceed-macedonia.org.