ЦЕЕД Македонија прогласен за Национален шампион на Европските бизнис награди 2014/15

51

EBA National Champion 2014-15

Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија е прогласен за Национален шампион на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM International, што претставува престижен натпревар поддржан од бизнис лидери, академици, медиуми и политички претставници од цела Европа.

Европските бизнис награди коишто се спроведуваат по осми пат, оваа година вклучуваат учество на над 24.000 бизниси од 33 европски земји, од кои 709 компании од цела Европа беа прогласени за Национални шампиони, со што влегоа во втората фаза на овој натпревар.

ЦЕЕД Македонија, национален шампион во категоријата RSM Претприемач на годината, игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување на учесниците со ментори и претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот, а воедно на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари.

„Многу сме горди што сме одбрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се широко признаени како пример за европските најдинамични компании и со нетрпение ја очекуваме втората фаза на одлучувачкиот процес, каде треба подетално да објасниме како го постигнуваме бизнис успехот”, изјави генералниот директор на ЦЕЕД Македонија, Јован Маџовски.

Адриан Трип, главен извршен директор на Европските бизнис награди изјави: “Честитки за ЦЕЕД Македонија, големо достигнување е да се биде именуван за национален шампион и Ви посакуваме среќа во следната фаза. Европските бизнис награди чекор по чекор ги инспирираат бизнисите кон поголем успех и им помагаат во подобрување на конкурентноста на компаниите во Европа.”

Според Жан Стивенс, главен извршен директор на RSM International, секоја година ова натпреварување станува се посилно и се повеќе компетитивно, бидејќи се повеќе компании со различна големина и од сите сектори се решаваат да се натпреваруваат меѓу себе во ова престижно натпреварување. Со зголемениот број на компании и земји, оваа година изгледа дека ќе биде најтешка за доделување на награди. Ќе биде доста возбудливо да се следи следната рунда.

Панел на судии формирани од европски бизнис лидери, академици и претприемачи ќе ги гледаат видеата за националните шампиони и најдобрите во групата ќе ги наградат со Ruban d’Honneur статус. Сите добитници на Ruban d’Honneur ќе се натпреваруваат во големото финале во 2015 година. Сите национални шампиони ќе учествуваат во јавното гласање за прогласување на Шампион на јавноста во секоја земја. Минатата година гласаа 93.000 луѓе и повеќе од 400.000 луѓе ја посетија интернет страната на Европските бизнис награди за време на натпреварот.
Поддржани од главниот спонзор и промотор RSM International, што претставува седма по големина во светот компанија со развиена мрежа на компании за ревизија, даноци и консалтинг, со големо присуство во Европа, Европските бизнис награди имаат за цел да ги препознаат и наградат квалитетот, најдобрата практика и иновациите во бизнис заедницата во Европа.

Повеќе информации за наградите и победниците на www.businessawardseurope.com.