Јавниот долг на Германија надмина две милијарди евра, но експертите од земјите во еврозоната се најмногу загрижени за Италија. Намерата на Европската Унија е да се извлече од кризата со задолжување. Тоа веројатно ќе продолжи и следната година.
Германскиот Бундестаг во четвртокот гласаше за ребаланс на буџетот за оваа година, со што се овозможи рекордно задолжување од 240 милијарди евра. Ова ќе го зголеми јавниот долг на Германија на 2,2 трилиони евра и тоа е рекорд. Германскиот долг денес изнесува 80 % од БДП, констатита радио Deutsche Welle.
Другите членки на ЕУ исто така беа принудени да живеат на кредит поради кризата. Долговите се натрупуваат од Финска до Грција. Евростат објави дека вкупната задолженост во државните буџети на еврозоната ќе изнесува скоро сто проценти од БПД.
Кој ќе плати за цехот на крај?
“Стапката на економски раст е секогаш одлучувачка за високите долгови. Доколку се постигне голем раст, тогаш проблемот со задолженоста ќе се реши само по себе. Политиката на државни заштеди за големи долгови помага само во мала мера “, објаснуваат експертите.
Ваквото мислење го споделува и Маркус Фербер, германскиот европратеник, експерт за финансии на демохристијаните.
“Во моментов, ние не сме загрижени за стабилноста на еврото“, рече тој за DW. Сепак, смета дека границата за задолжување во еврозоната треба да се врати следната година. Во спротивно, смета тој, постои опасност некои членови да продолжат да ги решаваат проблемите со нови долгови наместо реформи.
Фербер нагласува дека заедничкото задолжување на ЕУ во износ од 750 милијарди евра за ублажување на последиците од кризата мора да остане осамен преседан. “Оние што мислат дека ги рехабилитираат националните буџети со пренесување долгови кон Европа, нема да успеат. Бидејќи тие долгови мора да ги отплатат и земјите членки. А тоа значи следните генерации“, изјави европратеникот.
Грција веќе се приближува до јавен долг од 200 %. Сепак, аналитичарите не сметаат дека ова е голем проблем затоа што Грција се рехабилитираше во претходните години.
“Грција ме загрижува помалку од некои други земји. Мојата најголема грижа е Италија “, вели европскиот парламентарец Фербер. Тој предупредува дека со зголемувањето на каматните стапки италијанската држава и банките може да наидат на сериозни тешкотии. Јавниот долг на Италија во моментов изнесува 180 % од БДП.