Целосна реплика на Титаник се планира да исплови во 2018 година

20

313319-menito-na-titanik-prodadeno-za-88.000-dolariЦелосно функционална реплика на легендарниот Титаник планирано е да исплови во 2018 година, по цели 106 години откако бродот потона во Атлантскиот океан, пишува Independent.

Новата верзија, наречена Титаник 2, е дело на австралискиот милијардер Клајв Палмер и неговата компанија Blue Star Line. Бродот ќе изгледа идентично како оној од 1912 година, но ќе биде четири метри поширок и ќе има доволно кајчиња за спасување за разлика од оригиналниот.

Неговата должина ќе изнесува 270 метри, висината ќе биде 53 метри, а ќе тежи 40.000 тони. Титаник 2 ќе нуди прва, втора и билети од трета класа исто како и оригиналниот брод. Ќе се простира на девет ката и ќе има 840 кабини коишто ќе сместуваат 2.400 патници и 900 членови на екипажот.

За разлика од претходникот, втората верзија ќе има базен, турски бањи и сали за вежбање. Првото патување на бродот ќе биде на релација Џијансу, источна Кина до Дубаи.