Цена на барел нафта 112 долари, пазарот на криптовалути во минус

45

Нафтениот пазар утрово е во благ пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 112 долари, што е благ пад во однос на истиот период вчера, кога цената беше 113 долари. Цената на нафтата на американскиот пазар е 113 долари.

Пазарот на криптовалути утрово и понатаму е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.922 долари, што е намалување за околу 1% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цена на пченица и пченка

Цените на пченицата од утрово растат и изнесуваат 1.277 долари за тон, што е зголемување за околу 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 800 долари, што е пад од 1% во однос на вчера.