Цената на барел нафта брент над 83 долари

37

Цените на нафтата паднаа на светските берзи во понеделникот. Во претпладневното тргување, пак, вредноста на овој енергетски производ повторно се движи по нагорна линија.

Според последните податоци објавени на веб-страницата OilPrice, цената на нафтата од типот брент изнесува 83,10 долари. Вредноста на нафтата WTI е 76,34 долари за барел.

Во фокусот на трговците на почетокот на неделата и натаму е монетарната политика на САД, пренесува Biznis.rs.

Пазарите стравуваат дека централната банка, по податоците за расходите за лична потрошувачка во јануари, ќе биде принудена да ги зголеми каматните стапки подолго од очекуваното за да ја ограничи инфлацијата.

Фото: Facebook