Цената на барел нафта на светските берзи надмина 91 долар

38

Цените на нафтата надминаа 91 долар на меѓународните пазари бидејќи евентуалното губење на понудата од Русија повторно ги потисна стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки и мерките за заклучување на Кина ќе и наштетат на побарувачката.

Цената на барел нафта утрово се тргува по цена од 92 долари на лондонскиот пазар. Во Њујорк барелот се тргуваше за 86 долари.

На крајот на неделата трговците се фокусираа на најавите на водечките производители дека ќе ја намалат понудата, пренесува SEEbiz.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе го прекине извозот на нафта и гас во Европа доколку Брисел ги ограничи цените на руските енергетски производи, а Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија малку да ги намалат испораките во октомври.