Цената на барел нафта над 76 долари

19

Цените на нафтата на меѓународните пазари останаа над 76 долари за барел во четвртокот благодарение на поинтензивната побарувачка за горива и падот на залихите во Соединетите држави поради бавното продолжување на производството по два урагани.

Барелот се тргуваше на лондонската берза по цена која беше 28 центи повисока од претходното затворање, од 76,47 долари. Во Њујорк барелот поскапе 43 центи и се тргуваше по цена од 72,66 долари.

“Цените на нафтата продолжуваат да растат поради ограничувањата во снабдувањето од Мексиканскиот Залив, што се рефлектира во извештајот за големиот пад на залихите на сурова нафта минатата недела“, рече Луиз Диксон од Rystad Energy.