Цената на барел нафта од типот брент е околу 84 долари

37

Цените на нафтата се искачија на 85 долари на меѓународните пазари во вторникот, поттикнати од намалувањето на производството во САД и очекувањата на трговците дека олеснувањето на мерките за коронавирус во Кина ќе ја оживее побарувачката за гориво.

Во претпладневното тргување цената на нафтата „брент“ се задржа нешто под 84 долари, односно 83,96 долари. Барел нафта WTI се тргува по цена од 79,23 долари, објави OilPrice.com.

Пазарите во Велика Британија и во САД беа затворени во понеделникот поради божиќните празници, пренесува агенцијата Мина.

Трговците со недели очекуваат дека кинеските власти ќе ја олеснат строгата политика на нулта толеранција кон корона вирусот, кој ја ограничи економската активност и мобилноста на граѓаните и ја намали побарувачката за гориво.

Во понеделникот, кинеската Национална здравствена комисија објави дека од 8 јануари посетителите од странство повеќе нема да треба да бидат ставени во карантин, најавувајќи олеснување на граничните ограничувања кои во голема мера се затворени од 2020 година.

Најавената промена на кинеските епидемиолошки мерки влијаеше на слабеење на доларот, што ја зголеми куповната моќ на трговците со други валути, како и побарувачката за нафта.