Цената на барелот падна, но житариците поскапеа

132

Пазарот на нафта од утрово е во пад.

Вредноста на барелот на лондонскиот пазар изнесува 116 долари, што е минус од 4% во однос на вчерашниот ден.

На американскиот пазар вредноста на барелот е 109 долари.

Благо поскапуваат пченицата и пченката.

Цената на пченицата од утрово изнесува 1.102 долари за тон, што е раст од 1 отсто во однос на вчера. Цената на пченката од утринава изнесува 1.710 долари за тон, што е пак пораст од речиси 0,80 отсто во однос на вчерашниот ден.