Цената на биткоинот повторно падна

43

Биткоинот видно се оддалечи од овогодинешните врвови. Од 6 мај, кога беше нешто помалку од 30.000 долари, неговата цена падна за повеќе од 10 отсто и се лизна под 26.000 долари.
Ова е најниската вредност во речиси два месеци, а исто така се лизна под движечкиот просек од 200 дена.

Особено во четвртокот се почувствува продажниот притисок на „китовите“ (поим за големи сопственици на биткоини), кои на берзата Binance продадоа биткоини во вредност од 120 милиони долари. На негативното расположение влијаат и постапките на американските регулатори, кои, меѓу другото, се сомневаат дека компанијата за ископ на биткоини Marathon Digital го прекршила законот.