Цената на Dogecoin достигна двомесечен максимум

70

Омилената криптовалута на Илон Маск, Dogecoin, достигна двомесечен максимум во однос на вредноста. Ова доаѓа откако основачот на Tesla купи 9,2 отсто од акциите на Twitter за 2,8 милијарди долари, според американската Комисија за хартии од вредност (SEC).

Цената на криптовалутата, која постојано добиваше поддршка од Маск преку Twitter, се зголеми за речиси 6% на над 0,1530 долари и достигна 0,1553 долари – највисоко од 9 февруари.

Што се однесува до најголемата криптовалута во светот, биткоинот, таа ја задржа консолидацијата во последните денови, одржувајќи го опсегот помеѓу 45.000 и 47.000 долари. Вкупната капитализација на криптовалутите останува на 2,165 трилиони долари.

Многу финансиски аналитичари веруваат дека со оглед на односот на Елон Маск со Dogecoin и фактот дека многу од следбениците на милијардерот ја сакаат меме-валутата, потрошувачите се надеваат дека креаторот на Tesla ќе го натера Twitter да ја прифати како опција за плаќање.

Потсетуваме дека Маск веќе го интегрираше DOGE како начин на плаќање за дилерите на Tesla, по што вредноста на криптовалутите се зголеми за 15% на 0,20 долари.

Неодамнешните случувања во купувањето на акции на Twitter од страна на Маск може да бидат главен фактор за подемот на Dogecoin. Но, сè уште тоа е во доменот на претпоставките.