Цената на гасот конечно падна под 1.000 долари

85
Цената на гасот во Европа се намали на околу 980 долари за 1.000 кубни метри на почетокот на денешното тргување на Лондонската берза ICE.

Фјучерсите на гасот за испорака во ноември паднаа при тргувањето утрово во холандскиот центар ТТФ на 983,5 долари за 1.000 кубни метри или 82 евра за мегават, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот (цените на берзата ICE се изразени во евра по MWh).

Вкупниот пад на цената во споредба со претходниот трговски ден изнесува околу 10 проценти, пренесува Тасс.

На шести октомври, цената на гасот достигна рекорд на сите времиња од над 1.900 долари за 1.000 кубни метри.

Екстремната нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е главно поврзана со фактот дека складиштата за гас не се полни пред претстојната зимска грејна сезона, според руската агенција.