Цената на гасот на европската берза ТТФ е најниска за последните шест месеци

32

Цената на гасот на европската берза ТТФ денеска падна на 26 евра за мегават-час, што е најниско ниво во последните шест месеци, поточно од јули 2023 година.
Според податоците на лондонската берза ICE, европските фјучерси на гас се продаваа денеска во 10:07 часот по цена од 26.200 евра за мегават-час.

Цените на гасот паднаа за 7,5 отсто само минатата недела, бидејќи грејната сезона во Европа полека се приближува кон крајот.

Здружението на оператори со гасна инфраструктура на Европа (ГИЕ) на 10 февруари објави дека моменталната пополнетост на европските гасни капацитети е 67 отсто, со 73 отсто во Германија, 61 отсто во Италија и 54 отсто во Франција, објавија медиумите.