Цената на гасот не престанув да расте! Соборен е нов рекорд!

72

На денешното отворање на тргувањето, цената на гасот во Европа повторно го сруши рекордот, достигнувајќи 1.250 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на Европската интерконтинентална берза (ICE).

Цената на ноемвриските фјучерси на холандскиот TTF беше 1.247,4 долари за 1.000 кубни метри, или 102,45 евра за kWh по тековниот курс на еврото во однос на доларот, пренесе агенцијата ТАСС.

Откако вчера го собори рекордот од 1.200 долари за 1.000 кубни метри, цената на гасот во Европа нагло опадна по веста дека Агенцијата за енергетика на Данска го одобри почетокот на тестирањето на првиот крак на гасоводот Северен тек 2.

За помалку од еден час, ноемвриските фјучерси на холандскиот ТТF паднаа за речиси 70 долари на 1.124 долари за 1.000 кубни метри гас.

Претседателот на Управниот одбор на Газпром, Алексеј Милер, изјави претходно дека доцнењето во пополнувањето на европските подземни складишта и зголемената побарувачка за гас доведоа до рекордни цени, што може да се надминат во блиска иднина.