Цената на гасот незапирливо расте, надмина 1.800 долари

Цената на гасот во Европа продолжува да расте, надминувајќи го нивото од 1.800 долари за 1.000 кубни метри утрово за прв пат од октомври, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Јануарските фјучерси за гас во холандскиот центар ТТФ скокнаа на отворањето на денешното тргување на 1.803 долари за 1.000 кубни метри, или 154,35 евра за MWh, пренесува Tass.

Рускиот гасен холдинг Газпром не резервира капацитет за транзит на природен гас преку гасоводот Јамал Европа, кој минува низ Полска, за 21 декември. Поради тоа утрово беше прекинат физичкото снабдување со гас за Германија преку тој гасовод.